
Ракометарите на Еурофарм Пелистер повторно разочараа дел од битолската јавност, откако во нов натпревар одигран под очекувањата беа елиминирани од Охрид во Купот на Македонија. Полуфиналниот дуел имаше и непријатна постскрипта надвор од теренот.
Според објави на социјалните мрежи, на патот меѓу Битола и Охрид дошло до инцидент во кој неколку лица сопреле комбе за кое се претпоставува дека превезувало навивачи на охридскиот клуб. Возилото накратко било запрено, по што биле фрлани разни предмети, а видеа од настанот се појавија на интернет.
Од страна на навивачката група „Чкембари“ на социјалните мрежи била споделена и порака: „Баравте проблем, добивте“.
Сепак, ваквите случувања отвораат прашања за безбедноста и организацијата на натпреварите, како и зошто гостинските навивачи не биле обезбедени со полициска придружба при враќањето.

Македонски


