Skip to main content

Скандал во битолската болница: Речиси 500.000 денари исплатени за спорни прекувремени

СВР Битола поднесе кривична пријава против две лица од Битола, Е.И. (53) и М.А.Н. (61), поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според информациите, првопријавената, како поранешен директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, а подоцна и медицински директор во Министерство за здравство, заедно со второпријавената, раководител на Одделот за интерни болести во истата установа, ги пречекориле службените овластувања со цел стекнување противправна имотна корист.

Полицијата наведува дека во периодот од ноември 2023 до јуни 2024 година, пријавените потпишувале листи за исплата на прекувремени часови за 12 лекари од Одделот за интерни болести, иако тие часови се однесувале на активности во други одделенија, како урологија и физикална медицина и рехабилитација, што било спротивно на одлука на Управниот одбор.

Со ваквите постапки, како што се наведува, било овозможено неосновано исплаќање на надоместоци за прекувремена работа во вкупен износ од 494.933 денари, со што е нанесена штета на буџетот.

Поврзани вести