Skip to main content

Промоција на првиот том од Македонскиот етимолошки речник

Во Ректоратот на Универизтетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде промовиран првиот том од Македонскиот етимолошки речник (А – Ж) од проф. д-р Гоце Цветановски, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Речникот ќе го промовира Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ, а поздравни обраќања на промоцијата ќе имаат ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, и директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска. 

Институтот наведува дека Македонскиот етимолошки речник е од особено значење за македонскиот јазик бидејќи претставува научно втемелено сведоштво за историскиот развој на македонскиот јазик, нуди научно аргументирана анализа на потеклото на македонските зборови, поставени во поширок словенски и индоевропски контекст.

-Речникот е придонес кон јакнење на научната и на културната самосвест и претставува достоен промотор за меѓународна афирмација на македонскиот јазик како самостоен словенски јазик со сопствена историска и етимолошка традиција. Со тоа Речникот се вградува во темелите на македонското културно и научно наследство и претставува дело со трајна вредност, соопшти Институтот „Крсте Мисирков“.

Поврзани вести