
Турција стана втора земја во светот со најголем број свои воени бази во сгранств, по Соединетите Американски Држави.
Турција има 133 странски бази во споредба со 887 на американската армија, надминувајќи ги традиционалните сили како што се Обединетото Кралство (117), Русија (29) и Индија (20).

Ваквиот развој најногу се должи на се поголемото турско воено присуство во Африка, каде што Анкара изгради густа мрежа од стратешки инсталации во Сомалија, Либија и Чад.
На тој начин, Турција се етаблира како клучен безбедносен актер на Црниот континент кој го предизвикува влијанието на Франција, Русија и земјите од Заливот, додека го проширува својот воен, економски и политички отпечаток во светски рамки.

Македонски


