
Еден жител на Кина живеел со живин термометар во цревата 20 години, пишува весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“.
Овој феномен бил откриен кога 32-годишниот маж отишол во болница со силни болки во стомакот. При прегледот се испоставило дека тој случајно проголтал термометар како дете, но се плашел да им каже на родителите и на крајот заборавил на него.

Според лекарите, термометарот почнал да притиска на ткивото, создавајќи ризик од внатрешно крварење.
Термометарот бил успешно изваден за време на операцијата.

Македонски


