
Денес го одбележуваме Денот на Командата за обука и доктрини, како клучен сегмент во системот на македонската Армија од кој зависи нејзината подготвеност, развој и оперативна способност. Тука се поставува и развива доктрината, се насочува обуката и се гради професионалниот кадар, напиша на својот фејсбук профил министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Преку јасни стандарди, континуирано усовршување и усогласеност со НАТО побарувањата се обезбедува интероперабилност и ефикасно делување. Тоа е основа за создавање на подготвена и оперативно способна македонска Армија, која одговара на современите предизвици.

Македонски


