Skip to main content
hD09XeVFcjI

Мицкоски најавува истраги – на удар и поранешни премиери

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека во наредниот период е можно да бидат отворени истраги и постапки кои ќе опфатат поранешни високи државни функционери.

Според него, потенцијалните случаи би можеле да се однесуваат на лица од редовите на СДСМ, вклучително и поранешни премиери и членови на нивните потесни семејства.

Мицкоски нагласи дека не располага со конкретни информации или докази, туку дека станува збор за негова проценка дека одредени случаи би можеле да станат предмет на интерес на надлежните институции.

– Имам чувство дека набргу високи функционери од претходната Влада, како и нивни блиски, ќе бидат опфатени со одредени постапки. Имам чувство, не велам дека имам информации – изјави премиерот.

Тој воедно ја повика опозицијата да не излегува однапред со обвинувања за политички прогон, туку да им дозволи на институциите да постапуваат согласно закон.

Очекувам дека и тогаш кога тоа ќе се случи, ќе имаат исто вакви прес-конференции, и тогаш нема да велат дека тоа е политички прогон, туку истите тие ќе ги повикаат да одговараат пред органите, односно да ја докажуваат својата невиност – додаде Мицкоски


Поврзани вести