
ШНАЈДЕРКИТЕ
The Seamstresses
Гарванлиева Билјана / Македонија / 2010 / 30 мин
Приказна за шнајдерките во малиот град Штип во Македонија. Шнајдерките во Македонија се како Пепелашка во глобализираниот свет. Текстилната индустрија во овој град е во процут, а шнајдерките на работното место работат за лојални клиенти како Бенетон, Версаче и H&M, при што својата работа ја изведуваат подобро и од кинеската конкуренција. Една шнајдерка мора да шие 120 кошули дневно. Ако сака да купи една од кошулите што ги шие за Бенетон, ќе мора да работи напорно цел месец. Во Штип, целосно се вработени жените, додека мажите се невработени. Филмот ја покажува женската перспектива кон последиците од глобализацијата во земја која сè уште нема „нови мажи“.
Проекции
Среда, 15 април19:30
РежисерГарванлиева Билјана
Година2010
ИСПРАВИ СЕ, ДЕЛФИНА
Stand Up Straight, Delfina
Александар Ѓурчинов / Македонија / 1975 / 101 мин
Приказна за девојката Делфина, која е решена да ги совлада сите тешкотии и разочарувања што ги носи животот и да истрае во совладувањето на водите од каналот Ла Манш. Делфина се подготвува да го преплива каналот. Меѓу случајните минувачи е и Рене, инвалид во количка, кој го препливал каналот и ги упатува пливачите на нивниот долг пат. Во бродот што ја придружува се нејзиниот тренер Атанас и пријателот Петко – единствените луѓе кои навистина ја поддржуваат.
Делфина се сеќава на изминатиот живот додека плива во студеното и разбрането море: запознавањето со Младен, тренерот на републичката репрезентација, првите интимни контакти, наставата во угостителското училиште и членувањето во локалниот пливачки клуб. Кога добива стипендија за школување во ДИФ, таа заминува за Скопје, решена ништо да не ја спречи во осмислувањето на својот живот и пронаоѓањето на вистинскиот пат.
Препливувањето на Ла Манш е нејзината последна битка – со крајни напори Делфина се исправа на своите нозе и го постигнува невозможното, враќајќи ја самодовербата, желбата за нормално живеење и самопочитта.
Проекции
Среда, 15 април20:00
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Неда Арнериќ, Диме Илиев, Слободан Димитриевиќ, Дарко Дамески
Режисер Александар Ѓурчинов
Година1975

Македонски


