Skip to main content

Мицкоски: Набавката на нови возила за „Македонска пошта“ е дел од поширока стратегија, да ги обновиме инситуциите, да ги модернизираме јавните услуги

Денеска зборуваме за една важна инвестиција, која не значи само нови возила, туку значи нов почеток, нова енергија и нова функционалност за еден систем кој со години беше оставен да се справува сам со предизвиците – изјави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на новиот возен парк за потребите на АД „Македонска пошта“.

– Владата преку Министерството за транспорт реализира набавка на 100 нови возила за потребите на „Македонска пошта“. Ова не е случајна одлука, ова е одговор на реална потреба. Просечната старост на возилата со кои досега работеше „Македонска пошта“ е околу 15 години, тоа значи застарена опрема, чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност. Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните и намалена доверба на системот. Решивме да ставиме крај на тоа – рече Мицкоски.

Нагласи дека оваа набавка е дел од поширока стратегија, да ги обновиме инситуциите, да ги модернизираме јавните услуги и да ги направиме функционални за граѓаните затоа што, посочи, инстиуциите постојат за да служат, а не да бараат оправдување.

На промоцијата на новиот возен парк на АД „Пошта“ се обратија и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, и директорот на АД „Македонска пошта“.

МИА

Поврзани вести