Skip to main content

Вечерва одлични дуели во ЛШ, не проуштајте

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ги сподели своите очекувања за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул.

– Има голема тежина на овој натпревар. Треба да бидеме многу внимателни. Резултатот е речиси стапица. Сите велат: Лесно победивте со 2:0 и сте многу посилни од противникот. Луѓето го велат тоа, а можеби е вистина, не знам. Но, ситуацијата може да се промени многу брзо. Треба да бидеме подготвени.
Можеме да примиме гол во првото полувреме, а играта ќе остане отворена. Мислам дека треба да се подготвиме за овој натпревар точно како што се подготвивме за претходните. Ливерпул ќе мора да  нападне, да се обиде да постигне гол, но треба да се осигурам дека мојот тим знае дека ќе се соочи со тешкотии. Нема да биде лесно, рече шпанскиот тренер на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот.

ПСЖ го доби првиот натпревар со 2:0. Реваншот ќе се одигра вечер во Париз со почеток во 21 часот.

Поврзани вести