Skip to main content

Костадинче Тра(М)пче

На почетокот, јасно недвосмислено и транспарентно сакам да порачам на читателите дека оваа колумна се однесува единствено и само на Костадин Костадинов по ново Тра(М)пче.
Од друга страна, сакам да направам јавна амнестија на многуте разумни, паметни, слободољубиви и широко демократски определени елементи во бугарското општество кои воопшто не се согласуваат, ни малу, со ваквите брутално сурови шовинистички ставови на еден непромислен квази политичар, полн со отров и омраза кон сите кои не се како него маленкиот.
Истрајноста, издржливоста и решителноста на тие луѓе кои многупати допринеле да се релаксираат и да тргнат сите меѓусоседски односи во вистинска насока, секако благодарејќи на взаемното меѓусебно почитување на битните обележја на двата народи и двете суверени држави во духот на европските вредности, пред сé во почитувањето на човековите права и слободи на самоопределување.
Костадинче е времена декаденција на современиов свет со кус рок на траење, за разлика од вечноста на здравите елементи над кои ќе надвладее здравиот разум, за потоа сé да тргне како што треба. Поинаку не може.
Е, сега, Костадинче Тра(М)пче, јас во прво време, или криво разбрав или ти грешно кажа, арно ама не бев многу загрижен од твоите изречени глупости (нормално, како и од секоја). Мислев дека, од кога господинот претседател на Соединетите Американски Држави, Трамп ќе ги припои Канада, Гренланд и Панамскиот Канал кон САД, е тогаш ти стапуваш на сцена и Соединетите Американски Држави еруптивно зголемени заедно со Канада, Гренланд и Панама, сите топтан ќе ги припоиш кон Бугарија.
Алал вера!
И, има логика вака заедно САД, Канада, Гренланд и Панама имаат многу бугарски граѓани кои се обесправени и не ги уживаат сите права предвидени и загарантирани со низа меѓународни конвенции потпишани од сите слободарски и демократски земји во светот меѓу кои и сега веќе твојата лична сопственост Бугарија, што пак за жал од друга страна, ако не единствена, но сигурно само меѓу те две три држави не го почитуваат потпишаниот и ратификуван договор.
Дека е тоа точно, зборуваат огромниот број на официјални декларации, укажувања и казни за непочитување на истите.
Според општите проценки Костадинче Тра(М)пче, си во право бидејќи сигурно во намерчените “анектирачки апетити“ од твоја страна во САД, Канада и помалку во Гренланд и Панама има двојно повеќе “обесправени жители Бугари“ кои живеат од колку сите жители во Бугарија вклучувајќи ги и МАКЕДОНЦИТЕ.
Но сега видов дека сум во заблуда. Костадинче Тра(М)пче ти пораснале амбициите.
Се впушташ во невозможна мисија, премногу себе си си се преценил. Ја сакаш Македонија!
И тука си ја скрши главата.
Ајде, кажи заради што Македонија?
Кажи како, иако однапред е јасно НИКАКО.
А, зошто никако?
Е, па еве зошто.
МАКЕДОНИЈА денес е сосема различна и уредена, конституирана држава, со висок степен на јасно заокружена државност, стабилна, етаблирана и почитувана од останатите европски и светски демократии и меѓународни асоцијации. Внатрешно стабилна со офанзивна општо призната меѓународна надворешна политика на пријателство, соработка, меѓусебно почитување, врвен систем на изградени етнички и меѓуетнички религиозни и групни стандарди, правила и критериуми.
Максимална посветеност на брзиот економски развој, примена на нови напредни технологии, интензивен пораст на услугите, незапирлив подем на земјоделието, максимално подобрување и реорганизација на здравствениот систем, грижа за за зголемување на општествениот стандард и подобрување на условите за пристоен живот на пензионерите, максимална посветеност во огромно растечкиот подем во изградба на инфраструктурата, која што од друга страна ќе нé приближи со соседите, а преку нив и со Европа, Азија и цел свет, што ќе послужи како акцелератор на силна квалитетна и непрекинлива економска експанзија и извозно ориентирана меѓународно пазарно, рамна со останатите развиени економии.
На крај, не заборави, Костадине Тра(М)пче!
МАКЕДОНИЈА ИМА НОВ ЛИДЕР!
Токму таков каков што и требаше на Македонија.
Смирен, сталожен, образуван. Спремен да пружи рака на добронамерност секогаш.
Но и да застани цврсто и никогаш да не се повлече, а да не ја одбрани Македонија и јасно да порача:
НАЗАД НЕМА!
Костадинче Тра(М)пче!
Згазна на тенок мраз. Пропадна и се удави, и ти и твојата крајно шовинистичка идеологија.
Можеби се сметаш за сигурен првотимец. Се лажеш, многу брзо ќе се преселиш, не на клупа за резерви, можеби дури и не во публика.
“Спортистите од овој спорт“ заминаа во пензија пред 80 години.
Тоа што од време на време ќе се појави некој рецидив како тебе е само потсетување, да се направи разлика, но и да се потоне.
Сепак сме будни. Искушенијата за МАКЕДОНИЈА никогаш не стивнуваат. Затоа сме посилни и посигурни за својата иднина, а и затоа што и кај нас од време на време се раѓа НАЈПОТРЕБНИОТ како во времето сегашно.