Skip to main content

Руски воен брод спровел два танкера низ преминот Ламанш, Британија не реагирала и покрај заканата дека ќе ги заплени

patrick-from-pixabay

Фрегатата „Адмирал Григорович“, која е дел од поморските воени сили на Русија, придружувала два танкера низ премиенот Ламанш, објави британски „Телеграф“.

Според изданието, ова се случило еден месец откако британскиот премиер Кир Стармер се закани дека Британија ќе ги запленува руските транспортни бродови, како дел од санкциите против Руската федерација.

Сепак, како што пишува „Телеграф“, не бил направен обид да се запре рускиот конвој, а британски воен брод само од далечина ја следел фрегатата која придружувала два танкера од „флотата во сенка“.

Весникот коментира дека иако Стармер во март вети дека ќе им нареди на специјалните сили да ги запленат танкерите, Велика Британија не запленила ниту еден брод оттогаш. Кралската морнарица едноставно гледала како руските бродови пловат во долж јужниот брег на Англија.

Поврзани вести