Skip to main content

Гала вечер со Роксан Стојанов: Свечено отворање на 22. издание на Танц фест

ГАЛА ВЕЧЕР СО РОКСАН СТОЈАНОВ • Свечено отворање на 22-то издание на фестивалот
18 април, 20:00 – Македонски народен театар – ТАНЦ ФЕСТ 2026
« Божествена Есмералда, вистински скапоцен камен со совршено извајани линии за да ги носи кратките костими на улогата. Пред сè, таа отелотворува разноврсна грациозност што ги спојува женственоста и младешката свежина, самодовербата и стравот, нежноста и ладната отуѓеност – контрасти што би можела да ги истражи уште подалеку. Есмералда е сеопфатна улога, која постојано се движи од една емоција и ситуација во друга, наспроти тројца многу различни мажи. »
Цитат од печатот за „Богородичната црква во Париз“ од Роланд Пети, претставена во Париз, Франција во декември 2025 година
Resmusica Notre-Dame de Paris : le joyau Roxane Stojanov
Програма:

  • Финале на наградата „Роксан Стојанов“ – пет финалисти
  • „Кралство на Сенките“ (3-ти чин од претставата “Бајадерка“)
    Во изведба на Балетскиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“
    Раководител: Слаѓана Спасеновска
    Музика: Лео Минкус
    Кореографија: М. Петипа
    Пренос на кореографија и репетиција: проф. Дафина Данилоска – Кочевска
    Изведувачи: Никија: Јана Кепеска – 2ва година средно; Солор: Виктор Христовски – 2ра година средно; Трио сенки: Виола Имери – 2ва година средно; Ина Стојановска – 3ра
    година средно; Теа Серафимов – 2ва година средно
    Учествуваат ученици од 1ва, 2ра, 3та и 4та година средно балетско образование
    Класа на Дафина Данилоска – Кочевска – ученици од 2ра/3та/4та година
    Класа на Илинка Накова – ученици од 1ва година
    Класа на Маја Митровска Богојевска – ученик од 2ра година – машки клас
  • „Богородичната црква во Париз“ – фрагмент
    Кореограф: Роланд Пети
    Музика: Морис Жар
    Сценограф: Рене Алио
    Костимограф: Ив Сент Лорен
    Изведувачи: Роксан Стојанов – Ѕвезда на Париска опера
    Антонио Конфорти, солист на Париска опера
  • Прогласување на победниците на Националниот натпревар „Роксан Стојанов“
    За изведбата на фрагментот од „Богородичната црква во Париз“ – дуо
    Роксан Стојанов, блескава и длабоко експресивна како Есмералда, открива
    разноврсна грациозност што ја спојува женственоста со младешка свежина. Наспроти
    неа, благородниот Феб, портретиран од Антонио Конфорти, отелотворува присуство
    кое е истовремено и пламенно и светло. Заедно, тие се обединуваат во дует исполнет
    со сензуалност и нежност, одржувани од интензивна сценска врска.
    Жири на наградата „Роксан Стојанов“
    Роксан Стојанов – Ѕвезда на Париската опера
    Сандра Мијалкова – Примабалерина на НОБ
    Антонио Конфорти – Солист на Париската опера
    Н. Е. Кристоф ле Риголет – Амбасадор на Франција
    Проф. д-р Рисима Рисимкин – Кореографка и ументичка директорка на натпреварот

Поврзани вести