Skip to main content

Туфегџиќ: Јадна е опозицијата што опстанокот го врзува со Груевски

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ реагираше остро кон политичката опозиција, оценувајќи дека е „јадна и очајна, ако го врзува својото опстанок со  враќањето на Никола Груевски, објави Скопје 1.мк.

Според Туфегџиќ, можното враќање на Груевски не зависи од домашната политика, туку од, како што вели, „тие што му дале зелено светло да замине“.

За Груевски има кој да мисли, тоа не зависи од нас, посочува Туфегџиќ.

Ако е поентата да се упропасти уште една генерација со празни наративи и наслови по портали – тоа е целосно промашена тема.

Туфегџиќ, критикувајќи ги политичките анализи кои се вртат околу ова прашање, остро ги нападна и, како што ги нарекува, „политичките маргиналци и паразити“, за кои вели дека со години не понудиле ништо суштинско за државата, освен лични интереси и менување позиции, објави Скопје1.мк

Поврзани вести