Skip to main content

32 писатели за деца и 19 илустратори од Македонија учествуваат на Саемот за книги за деца во Болоња

Илустрациите на корицата на каталогот се земени од сликовницата „Тигар на улица“ на Билјана С. Црвенковска, илустрирана од нашата наградувана илустраторка Катерина Николовска

На Саемот за книги за деца во Болоња, Италија, кој почна денеска, на 13 април и ќе трае до 16 април учестуваат 32 писатели за деца и 19 илустратори од Македонија, а претставувањето на македонската литература и илустрација го орагнизира Македонската асоцијација на издавачи (МАИ).

Саемот за книга во Болоња важи за еден од најголемите светски настани во издаваштвото, посветено на книжевност за деца.

Меѓу претставените автори на книжевност за деца се Венко Андоновски, Николина Андова-Шопова, Иван Антоновски, Билјана Црвенковска, Лидија Димковска, Ника Гавровска, Бистра Георгиева, Ана Голејшка Џикова, Ана Јовковска, Сашо Кокаланов, Хана Корнети… Дел од претставените илустратори се Наташа Андонова, Ирина Атанаскова, Хари Дудески, Александра Филипоска, Здравко Гиров и други.

Поврзани вести