
– Екипата на Унион Берлин член на Бундес лигата ја именуваше Мари-Луиз Ета за прв тренер и таа ќе биде првата жена во историјата на Бундес лигата која ќе работи како главен тренер. Управата на клубот донесе историска одлука, а главна цел е секако опстанок во елитниот ранг, но Унион Берлин во моментов не е сериозно загрозен и се наоѓа на 11.место со 32 бода. Сент Паули, екипа која е на 16.место (игра бараж) има 25 бодови. До крајот на Бундес лигата има уште пет кола.
Раководството на клубот го отпушти Штефан Баумгарт, по поразот од последнопласираниот Хајденхам.
Поранешната германска репрезентативка дебито ќе го има против Волфсбург. Таа веќе еднаш беше привремено прв тренер (во 2024 година) и токму во Волфсбург кога првиот тренер Ненад Бјелица беше суспендиран.
– Воодушевена сум што клубот има доверба и ми ја даде оваа задача, се надевам дека ќе успееме да стигнеме до посакуваните резултати, изјави Ета.

Македонски


