
Женската македонска ракометна репрезентација попладнево во „Рдеча дворана“ во Велење од 18 часот го игра последниот натпревар од квалификациите за Европско првенство 2026. Домаќин ни е селекцијата на Словенија која важи и за фаворит во овој дуел.
Македонските ракометарки се наоѓаат на третото место на табелата во група 3, позиција која овозможува и пласман на ЕХФ ЕУРО 2026. Но, затоа ќе треба да се гледаат и резултатите на третопласираните репрезентации од сите шест групи, а пласман ќе изборат најдобрите четири заедно со двете првопласирани репрезентации од шесте групи.
Во исто време (18 часот) се играат сите натпревари заради регуларноста, а од нашата група играат уште Германија – Белгија. Инаку Германија е прва на табелата со 10 бодови, пред Словенија со 6, Македонија има 2, и Белгија 2, но македонските ракометарки имаат подобар меѓусебен скор во дуелите со Белгија

Македонски


