
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 20:25 часот лишиле од слобода 16-годишник од скопското село Морани, кој се сомничи дека, по претходна расправија физички го нападнал Х.Д.(18) од истото село и со нож му нанел тешки телесни повреди, констатирани во приватна болница во Скопје.
МВР во дневниот Билтен информира дека ножот е пронајден и одземен за понатамошна постапка и најавува оти по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Македонски


