Skip to main content
Шведските власти не беа во можност да докажат какви било прекршувања на правилата

Шведска го ослободи рускиот танкер „Флора 1“ запленет поради наводно „истекување на нафта“

angad305 from pixabay

Шведска го „ослобод“ рускиот танкер „Флора 1“, кој беше запрен од шведската морнарица во меѓународни води и запленет поради наводно истекување на нафта.

Танкерот, за кого шведските власти наведоа дека е поврзан со таканаречената руска „флота во сенка“, беше префрлен во ексклузивната економска зона на Шведска на 3 април по наводно истекување на нафта со димензии поголеми од 12 километри.

Швеѓаните спроведоа голема безбедносна операција, обвинувајќи го „Флора 1“ за предизвикување на истекување на нафта и извршување на „еколошко злосторство“. Сепак, властите не беа во можност да докажат какви било прекршувања на законите за животна средина, а регистрацијата на бродот под камерунско знаме е утврдена како легална.

Двајца членови на екипажот биле известени за можни прекршувања на законите за животна средина, но не биле уапсени.

По ослободувањето од Шведска, „Флора 1“ го продолжува своето патување низ Данскиот теснец до бразилското пристаниште Сантос.

Поврзани вести