Skip to main content

АХВ на граничниот премин Ќафасан одби пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија поради заштита од ширење на чума

Во рамки на засилените контроли на граничните премини, официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарствцо (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, навремено реагираа и одбија пратка од над 10 тони јагнешка кожа по потекло од Република Албанија, која требала да транзитира низ нашава држава. Пратката е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста чума кај мали преживари која е присутна во соседна Албанија. Со оваа одлука, АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици.

Со оваа активност, АХВ уште еднаш ја потврди својата клучна улога како чувар на јавното здравје, безбедноста на храната и заштитата на домашното производство.

Поврзани вести