
Владата денеска го усвои законот за правична и соодветна застапеност, со којшто, како што информира министерот за европски прашања Беким Сали, се воспоставува баланс и истовремено се поставуваат темелите на професионална, транспарентна, модерна и силна мултиетничка администрација.
– Посебно внимание се посветува на подобрување на застапеноста на граѓаните кои припаѓаат на заедниците што се подзастапени во органите на државната власт и другите институции од јавниотсектор, при што квалификациите, стручноста и компетентноста претставуваат примарен критериум, а припадноста кон подзастапена заедница може да се земе предвид само како секундарен критериум, во случај на еднакви квалификации и компетентност на кандидатите. Ова е начинот на кој се зајакнува довербата меѓу граѓаните и меѓу заедниците. И ова е начинот на кој се зајакнува самата држава, вели министерот Сали во изјава што ја пренесува владината прес-служба.
Овој закон, истакнува, има единствена цел, администрацијата да биде вистински сервис за ситеграѓани, изградена врз знаење, професионализам, одговорност и интегритет. Ние не градиме сериозни институции оставајќи празнини, туку воспоставувајќи ред и одговорност. Со овој закон, воспоставуваме баланс и истовремено ги поставуваме темелите на професионална, транспарентна, модерна и силнамултиетничка администрација. Силната администрација не е во интерес само на една заедница. Таа е во интерес на секој граѓанин. Кога институциите се правични и ефикасни, сите имаат придобивка, посочува Сали.
Тој најавува дека по денешното усвојување во Владата, законот ќе биде проследен до Собранието. – Очекуваме сериозна дебата, со аргументи и одговорност, бидејќи станува збор за прашање што му е потребно на државата и кое требаше да се решимногу порано.
Со овој закон, посочува Сали, воспоставуваме ред, создаваме основа институциите да им служат на сите граѓани со правичност, сериозност и еднаквост.
Владината портпаролка Венера Азизи веи дека се заокружува важен процес кој помина низ неколку фази и кој беше внимателно изграден и по мислењето на Венецијанската комисија.
– Уставниот принцип на правична и соодветна застапеност се издигнува на ниво на законска материја и како таков станува задолжителен за сите државни институции. По одлуката на Уставниот суд за укинување набалансерот, стана уште појасно дека државата неможе повеќе да продолжи со делумни решенија или со привремени механизми. Потребен беше закон. И денес, по целиот овој процес, ние имаме таковзакон. Она што го носи овој закон е дека за првпат, правичната и соодветна застапеност не останувасамо општ принцип, туку станува законска обврсказа институциите. Значи, имаме закон. Исто така, законот воспоставува конкретнимеханизми за негова примена, односно се правизначителен напредок во правичната и соодветназастапеност, посочува Азизи.
Овој закон, потенцира таа, го носи печатот на Венецијанската комисија. Изработен и усогласен е по позитивното мислење и препораките на оваа комисија. Тоа значи дека денес немаме текст донесен набрзина, туку решение кое поминало низ сериозен правен, институционален филтер.
Законот предвидува формирање на координативно тело за следење на правичната и соодветна застапеност со одлука на Владата.
– Ова тело ќе го следи, мониторира и ќе го гарантира спроведувањето на законот во пракса. Ова е многу важно, бидејќи без ваква алка на одговорност, секој закон ризикува да остане само формален. Законот предвидува во рок од 6 месеци по неговото донесување да се изврши усогласување на релевантното законодавство и да се донесат подзаконски акти со кои ќе се уредат деталите за имплементацијата. Сето ова ќе овозможи ова прашање да не остане изолирано само во еден текст, туку да се рефлектира низ целиот институционален систем. Една од главните цели на ова решение, дополнува, е и затворање на просторот за нејаснотии, импровизации и злоупотреби кои во минатотосоздаваа проблеми и недоверба. Се воспоставува појасен, поконтролиран и посериозен пристап, изјави Азизи.

Македонски


