Skip to main content

Во Србија приведен Македонец поради недозволен промет на акцизни стоки

Припадници на МВР на Србија по наредба на Основното јавно обвинителство во Врање, привеле жител на Македонија, бидејќи во неговото возило пронашле електронски цигари „вејп“ без придружни дозволи, во вредност од 1,3 милиони динари.

Лицето е осомничено за сторено кривично дело нелегална продажба на акцизни стоки, соопшти МВР на Србија.

Во Прешево, полициски службеници пронашле вкупно 1.303 парчиња електронски цигари „вејп“ од различни марки во багажниот простор на патничкото моторно возило управувано од осомничениот Х.К. (31), кое го превезувал без придружни дозволи и одобренија издадени од надлежните органи на Србија.

Поврзани вести