Skip to main content
Велигденска честитка до католичките верници

Гаши: Овој празник носи пораки на надеж, љубов, мир и духовна обнова

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод Велигден до сите верници кои го слават Христовото воскресение според католичката традиција.

Овој празник носи пораки на надеж, љубов, мир и духовна обнова. Во денови кога се потсетуваме на значењето на меѓусебното почитување, солидарноста и добрината, упатувам искрени желби празничните денови да бидат исполнети со здравје, спокој, радост и благосостојба“, пишува Гаши во честитката.

Тој додаде дека велигденските празници треба да послужат како поттик за зацврстување на довербата, разбирањето и заедништвото меѓу граѓаните, како клучни вредности за градење на подобра иднина. 

Поврзани вести