
Денвер на домашен терен го победи Сан Антонио во натпревар од НБА лигата, со 136:134 во продолжение.
Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, беше најефикасен на натпреварот со 40 поени и 13 асистенции, а оствари и осум скокови.
Денвер го доби осмиот натпревар по ред и е четврти на табелата во Западната конференција (50-28).
Сан Антонио сега има биланс 59-19 и е втор на Западот, каде што лидер е Оклахома сити со 61 победа и 16 порази.

Македонски


