
Властите на Кувајт соопштија земјата била под нов ирански напад, при што дронови нападнале владини и енергетски објекти.
Ирански беспилотен авион погоди зграда што му припаѓа на Министерството за финансии, предизвикувајќи значителна штета“, објавија државните медиуми, повикувајќи се на Министерството.
Нема извештаи за повредени.
Според Министерството за енергетика, две електрани и постројки за десалинизација биле тешко оштетени од ирански дронови, предизвикувајќи дефект на два генератори на енергија.
Друг беспилотен авион погоди објект управуван од Кувајтската нафтена корпорација“, соопшти Министерството за информации, исто така известувајќи дека нема повредени.
Претходно, кувајтската војска соопшти дека земјата е под нов ракетен и беспилотен напад, додавајќи дека е активирана воздушната одбрана.
Иран лансирал ракети и дронови врз Кувајт и други земји од Заливот кои се домаќини на американски воени сили кои го нааѓаат Иран од почетокот на американско-израелските напади пред околу пет недели.

Македонски


