Skip to main content

Приведени повеќе лица во Скопје и Битола поради поседување марихуана, прашкаста материја и ножеви

На 10.01.2025  во 22.20 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Васко Каранѓелевски” во Битола го лишиле од слобода М.Д.(20) од с. Бистрица, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (11.01.2025) во 00.05 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.В.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.01.2025 во 14.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Б.(32) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети, марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.01.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Џ.(20)  од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.01.2025 во 20.50 часот во Скопје на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 10.01.2025 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.01.2025 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ѓ.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.01.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.01.2025 во 21.45 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле А.С.(23) и С.М.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани вести