Skip to main content

Иранските стадиони се уништени од американските напади

 Иранската фудбалска федерација ја информираше Светската фудбалска асоцијација за уништувањето на спортската инфраструктура во земјата.

– Со длабоко жалење и тага ве известуваме дека како резултат на нелегалната воена агресија врз светата земја на Исламската Република Иран е предизвикана сериозна штета на спортската инфраструктура, особено на иранскиот фудбал, стои во писмото на Федерацијата до ФИФА – објави Иранската новинска агенција ISNA.

Претходно, шефот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, објави дека е во преговори со ФИФА за преместување на натпреварите од Светското првенство од САД во Мексико. Федерацијата реагира до ФИФА откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го смета присуството на Иранците на турнирот за несоодветно за нивната сопствена безбедност.

Поврзани вести