
Американски воени авиони вчера пресретнаа патнички авион, кој го нарушил воздушниот простор над резиденцијата Мар-а-Лаго на американскиот претседател Доналд Трамп.
Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) потврди дека воени авиони „Ф-16“ вчера пресретнале авион кој навлегол во зона со привремено ограничување на летови, зона што се воведува кога претседателот е во одредена област.
НОРАД изминатите месеци регистрирал десетици слични инциденти во областа.(МИА)

Македонски



