Skip to main content

Земјотрес од 5,1 степeн ја стресе Јапонија

Јапонија денес беше погодена од земјотрес со магнитуда од 5,1 степен според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот, наводно, бил на отворено море во близина на архипелагот Рјуку, на длабочина од 10 километри и на растојание од 187 километри од Окинава.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Поврзани вести