
Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија) и со Кинотеката, и годинава ја организираат традиционалната Недела на франкофонски филм, којашто ќе се одржи од 30 март до 4 април 2026 година во Кинотеката на Македонија.
Манифестацијата ќе започне во понеделник, 30.03.2026, во 20 ч., во Кинотеката во Скопје, со проекцијата на филмот „Склоност кон пораз” на Лени и Арпо Гит, во организација на Амбасадата на Белгија во Софија.
Настанот ќе го отворат: Пол Ламбер, Амбасадор на Белгија во Софија и Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција.
За оваа проекција влезот е слободен.
Следат проекциите на:
Вторник 31 март, од 20 ч., „Кога доматите се сретнаа со Вагнер“, документарен филм на Маријана Економу, во организација на Амбасадата на Грција;
Среда 1 април, од 20 ч., „Тивок бунт”, на Мари-Елса Сгуалдо, во организација на Амбасадата на Швајцарија;
Четврток 2 април, од 20 ч., „Приказната за Сулејман”, на Борис Лојкин, во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје;
Петок 3 април, од 20 ч., „Родео”, на Жоел Дежарден Пакет, во организација на Амбасадата на Канада;
Сабота 4 април, од 18 ч., „Приказна од минатото”, на Димитер Анагности, во организација на Амбасадата на Албанија;
Сабота 4 април, од 20 ч., затворање на Неделата на франкофонскиот филм со проекцијата на филмот „Марија, кралицата на Романија”, во организација на Амбасадата на Романија.
Сите филмови се со превод на македонски јазик, а за дел од филмовите од нефранкофонско говорно подрачје обезбеден е и превод на француски јазик.
Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката.

Македонски



