
Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2026 година се доделува на Атила Клинче, (1958, Гостивар), актер во пензија од Театар на народностите-Турска драма. Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко, паричен износ од 30.000 денари и цветен аранжман. Наградата на актерот Атила Клинче, ќе му биде врачена вечерва, пригодна свеченост на отворањето Фестивалот на комедија „5-РЕ“, во 20 часот на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.
Одлуката за добитникот Атила Клинче едногласно ја донела жири комисијата во состав на актерите: Васил Зафирчев, Благојчо Стојанов и Слободанка Чичевска актер и минатогодишен добитник на наградата.
Како што образложи на денешната прес конференција Слободанка Чичевска, атерскиот опус на Атила Клинче е одбележана со брајни значајни улоги од светската класика и домашната драматургија. Неговиот актерски опус вклучува комплексни и значајни ликови како: Хамлет, Енкиду во Гилгамеш, Едип, Мемет,Магбет, Фентон, Креонт и многу други, кои ги изведува со извонредна длабочина и мајсторство и за кои е наградуван уштод далечната 1982 год како Награда за млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Мемет. За истата улога е прогласен за најдобар актер од страна на весникот „ Млад Борец“.
Клинче има голем број на улоги и во филмот и телевизијата. Има играно во: „Ден за тетовирање“ во режија на Столе Попов, „Бог да ги убие шпиуните“ во режија на Ацо Алексов, во „Пред дождот“; режија Милчо Манчевски, Прашина“ режија Милчо Манчевски, „Пусто турско“ режија Коле Ангеловски. Серии како „Наше маало“ мега турската серија „Румелија“ „Балканска свадба“ турската серија „Последно лето“, како и учество во хит серијата „Преспав“.
Атила Клинче, сега актер во пензија, беше еден од носителите на репертоарот на Турскиот театар и негов долгогодишен директор.
Покрај својот актерски ангажман, Атила Клинче е професор по сценски говор на Факултетот за Драмски уметности, а каде ги обучува новите генерации актери, кои денес се дел од македонската театарска уметност.
Фестивалот „5 -РЕ“ по петти јубилеен пат го организира Општина Велес, а годинава со сума од 800 илјади денари, во соработка со тимот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. На фестивалот освен од земјава годинава гостуваат и театри од Србија и Црна Гора, а започнува вечерва со доделување на наградата „Петре Прличко“ за 2026 , а потоа и со премиерата на претставата „Тестостерон“ во изведба на актерите од велешкиот театар. Кај велешани има голем интерес за фестивалот и скоро сите билети за претставите се веќе распродадени.

Македонски



