
Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша како „опција“ преземањето контрола врз иранската нафта.
Кога еден новинар го праша за ова за време на денешниот состанок на кабинетот во Белата куќа, тој рече: „Не би зборувал за тоа, но тоа е опција“, пренесе ДПА.
САД неодамна нападнаа ирански воени објекти на островот Харг во Заливот, кој е важен за извозот на иранска нафта.
Минатиот понеделник, поради тековните разговори со Иран, Трамп нареди енергетската инфраструктура на земјата да не се напаѓа пет дена.

Македонски



