Skip to main content

Иран тврди дека соборил борбен авион Ф-18, Американците одговорија: „лажна вест“

michelle-hn-from-pixabay

Иранските воздушни одбранбени сили соопштија дека собориле борбен авион Ф/А-18. Пилотот веројатно се катапултирал. Официјално, националноста на авионот сè уште не е позната.

ИРГЦ тврди дека борбениот авион Ф/A-18 бил соборен од иранската воздушна одбрана крај брегот на Иран во областа на градот Чебехар и паднал во Индискиот Океан.

По таквите ирански тврдења, од Централната команда на американските сили реагираа и негираа дека загубиле авион.

Лага: ИРГК објави дека американскиот борец F/A-18 е соборен над Чечбехар со употреба на нови напредни системи за воздушна одбрана.

Вистина: Иран не собори ниту еден американски ловец“, од Централната команда на САД објави на X.

На таквата објава, пак, Иран објави неколку видеа од различни аги, на кои се гледа кко проектил го погодува авионот. Леталото е очигледно оштетено.

Поврзани вести