Skip to main content

Повторно раст на цената на нафтата

Барел нафта Брент утрово се тргува за над 100 долари. Раст на цената на нафтата уследи откако вчера се намали за 10 отсто по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и најави разговори со Техеран.

На азиските берзи утрово цената на нафтата Брент од Северно Море се зголеми за 2,9 проценти и се барел се тргуваше за 102,84 долари.

Раст од 3,5 отсто е забележан и на цената на американската референтна нафтата „Вест Тексас Интермедијар“, која се тргуваше за 91,20 долари.(МИА)

Поврзани вести