Skip to main content

Зидан конечно станува селектор на Франција

– Зинедин Зидан постигна устен договор со Француската фудбалска федерација (FFF) во врска со неговото назначување за селектор на репрезентацијата, објави „Le Parisien“.

Педесет и тригодишниот Зидан се согласил на условите за соработка со раководството на францускиот фудбал.

Објавата на „Le Parisien“ се појави само неколку часа откако претседателот на федерацијата, Филип Дијало, објави дека веќе знае кој ќе биде следниот селектор на француската репрезентација. И покрај ова, официјално соопштение веројатно нема да биде објавено сè додека „Триколорите“ не заминат за САД, со цел да се осигурат дека сегашниот селектор Дидие Дешан има најдобри можни услови за подготовка за Светското првенство во 2026 година.

Поврзани вести