
На 25 март (среда) од 19.00 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикаже филмот „Франц“, посветен на животот на писателот Франц Кафка, од неговото раѓање до неговата смрт.
Влезниците за филмот се продаваат секој работен ден од 11.00 до 13.00 ч. на билетарницата од киното и еден час пред почетокот на проекцијата.
Биографска драма инспирирана од животот на писателот Франц Кафка.
Филмот го следи неговиот живот од раѓање до раната смрт, фокусирајќи се на личните борби, осаменоста и креативниот процес.
Со силна визуелна естетика и историски амбиент, филмот се обидува да ја долови психолошката длабочина зад неговите дела.

Македонски


