
Словачка е противник на македонската машка ракометна репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство во 2027 година.
Ова е епилогот од денешниот реванш натпревар меѓу Словачка и Украина во кои домашната репрезентација и покрај поразот од 32-31 ја зачува предноста од првиот дуел во кој словачките ракометари триумфираа со 27-24.
Македонија првиот натпревар против Словачка ќе го игра на гостински терен на 13/14 мај, додека реваншот на домашен терен ќе биде по една недела.
Македонија досега има девет учества на мундијалските ракометни турнири, од кои седум во низа.
Жрепката за групната фаза за Светското првенство 2027 кое ќе го организира Германија, е закажана за 10 јуни.

Македонски


