Skip to main content

Светски рекорд на Ехамер во седмобој

Instagram / simiar2000

Швајцарецот Симон Ехамер го одбележа саботниот ден на Светското атлетско првенство во сала во Торино, поставувајќи нов рекорд во седмобој.

Ехамер го освои златото со 6.670 бодови, надминувајќи го за 25 бодови претходниот светски рекорд поставен од Американецот Ештон Итон од 2012 година.

Среброто и бронзата ги освоија Американците Хит Болдвин со 6.337 и Кајл Гарланд со 6.245 бодови.

Поврзани вести