Skip to main content

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

ВМРО ДПМНЕ

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Кога Македонија требаше да го смени Уставот, да го смени името за да влезе во НАТО и во Европска Унија, Софија немаше никаков проблем со ништо во рамки на добрососедството, кога влегуваше Македонија во НАТО немаше никаков проблем од страна на Бугарија, од тогаш навака на три пати се појавува. Колку отворањето на Уставот сега понатаму ќе биде решение за тоа, и ќе се остава простор Софија во секои наредни предизборија да имаат нови и нови теми поврзани со национализмот“, рече Стоилковски.

Стоилковски објасни дека Македонија се наоѓа во ваква ситуација поради грешките направени од претходната власт и посочи дека лекцијата во СДС и покрај сите фатални грешки, се уште не е научена.

„Грешка е направена од страна на претходната власт, којашто идеше отворено без размислување и покрај сите предупредувања дека не треба и дека ќе биде злоупотребено сето тоа и дека летвичката ќе се крева се погоре и погоре“, рече Стоилковски и додаде:

Лекцијата во СДС и целиот систем на СДС како партија, како поддржувачи, како поранешни експерти, не е научена. Би требало да се застане да се види до каде е ситуацијата, да се направи едно единство во државата. Мислам дека СДС мора да ја научи таа лекција и да престане да биде бомбаш- самоубиец со вакви настапи како на Андреј Жерновски или на други, за евроинтеграциите да бараат да биде променет Уставот. СДС нема политика којашто ја креира, не поминува кај Македонците“.

Поврзани вести