
Во двата воведни натпревари од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички попладнево го совлада Силекс со 2-0, додека Тиквеш ѝ нанесе висок пораз на АП Брера од 6-1.
Работнички до својата четврта победа во последните пет прволигашки натпревари дојде со двата гола на Попзлатанов, во 13 и 34 минута.

На дуелот во Кавадарци, домаќинот Тиквеш веќе по првото полувреме имаше убедливо водство од 4-0 со головите на Стојанов (10, 34), Тасев (41) и автоголот на Стојилевски (32). Муса Гуел зголеми на 5-0 во 49 минута, а Стојчев биеше прецизно во 84 минута. Почесниот гол за струмичкиот прволигаш го постигна Макиќ (27).
МИА

Македонски


