Skip to main content

Јужна Кореја го омекнува ставот: Поради затворањето на Ормутскиот Теснец пак ќе увезува руска нафта

mathew-schwartz-on-unsplash
daniel-bernard-on-unsplash

Јужна Кореја размислува за увоз на руска нафта. По затворањето на Ормутскиот Теснец, официјален Сеул одеднаш го омекна својот став кон руските енергетски производи, пишува „Ројтерс“.

Според агенцијата, јужнокорејската влада одлучи привремено да ја вклучи нафтата на листата на стратешки важни производи поради прекини во снабдувањето предизвикани од војната на Блискиот Исток. Повеќе од половина од увозот на оваа суровина во земјата се добива со транспорт низ Ормутскиот Теснец, кој поради војната е ефективно затворен, што ги зголемува ризиците за националната економија на Јужна Кореја.

Во оваа ситуација, се разгледува можноста за делумно возобновување на увозот енергенси од Русија.

Во текстот се додава дека Владата има намера да ја поддржи економијата со проширување на финансиската помош за 1,5 трилиони вони (јужнокорејската валута) и компензација за зголемувањето на трошоците за алтернативни снабдувања, како и со доделување поволни кредити.

Поврзани вести