Skip to main content

Општина Охрид ја објави книгата „Библиографски портрет на Славе Ѓорѓо Димоски“ приредена од Даниела Спироска

Во издание на Општина Охрид излезе книгата „Библиографски портрет на Славе Ѓорѓо Димоски“ која ја приреди Даниела Спироска.

Во книгата е опфатена неговата активност на полето на литературата од првата објава 1975 година во гимазиското гласило „Јужен бран“ па сѐ до последните објави во 2025 година. Внимателно, преку различни објави, е проследен неговиот развој на полето на литературата и културата.

Книгата е составена од четири дела со подделови: Првиот дел се однесува на посебно печатени книги, први објави на македонски јазик, преведени книги на други јазици, преведени книги од други јазици, книги на брајово писмо итн. – сѐ она што е објавено во форма на книга; вториот дел ја опфаќа целокупната критичка библиографија на поетот, како и интервјуа систематизирани хронолошки според годините и поводите на објавувањата. Третиот дел се однесува на библиографски единици објавувани во домашни и странски весници и периодика, додека четвртиот дел ја заокружува книгата со индекс на целокупното поетско творештво распоредено по азбучен ред, со поетски календар во кој се наведени неговите поетски средби и дружења во Македонија и во светот и завршува со список на добиени домашни и странски награди и куса библиографска белешка.

За изработка на овој „Библиографски портрет“ е користена личната архива на поетот, архивски материјали од НУБ „Свети Климент Охридски“ – Скопје, и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Книгата опфаќа над 1500 библиографски единици.

Поврзани вести