Skip to main content

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во пресрет на 21 Март – Светскиот ден на поезијата ќе го одржи настанот: „Напиши стих – купи кафе“

Во четврток на 19 март НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со Охрид мол и кафетеријата „Nocciolino“  од 10 до 13 часот во пресрет на 21 Март – Светскиот ден на поезијата ќе го одржат настанот: „Напиши стих – купи кафе“ .

Оваа иницијатива е почната во 1999-та година, кога УНЕСКО во Париз го прогласи  21 Март за Светски ден на поезијата, а ние веќе шеста година како Установа го организираме  настанот во Охрид.

Најважно е да се дружиме, да сме  креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите.

 Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на Вашето присуство.  Во „Nocciolino“ во Охрид мол ве чека парче хартија и топло кафе.

 Напишете сопствен стих и ќе добиете бесплатно кафе. Посебна Комисија од Библиотеката ќе ги собере напишаните стихови и во друга пригода ќе додели три награди за авторите на најдобрите стихови.

Поврзани вести