
Македонскиот претставник во АБА 2 лигата екипата на ТФТ денеска го игра првиот четврт-финален натпревар од плеј офот. Противник им е второпласираниот тим од регуларниот дел Златибор, а поради подобриот пласман првиот натпревар се игра на теренот на противникот.
Не очекува исклучително тежок натпревар, прв од четврт-финалната серија со тимот на Златибор. Станува збор за екипа која има сериозен континуитет на работа и успеси. Во составот имаат искусни домашни играчи и неколку странци и предвоени се од тренерот Страјин Недовиќ. За нас ова е прво учество во плеј оф од АБА 2 лигата. Сепак со сериозен пристап кон натпреварот и со најдобра верзија да го дадеме максимумот и да се обидеме да го изненадиме противникот“, изјави тренерот на ТФТ Боро Смилковски.

Натпреварот почнува во 18 часот.
Плејоф серијата се игра во два добиени натпревара, а следниот дуел се игра на 24.март во Скопје.
Во другите четврт-финални дуели играат: Широки – Јахорина, Сутјеска – Слобода и Војводина – Домжале.

Македонски

