Во округот Лос Анџелес сè уште има 179.783 жители под наредба за евакуација, изјави денеска шерифот Роберт Г. Луна.
Тоа се скоро 180.000 луѓе во округот Лос Анџелес кои моментално се под наредба за евакуација, а уште близу 200.000 жители се под предупредување за евакуација, рече Луна.
Предупредувањата за евакуација се совети за жителите да се „подготват“ да ги напуштат своите домови веднаш, појасни Си-Ен-Ен.
Шерифот рече дека одбивањето на некои луѓе да ги почитуваат наредбите за евакуација ги става во опасност животите на службениците за спроведување на законот.
Не можам доволно да нагласам дека ги повикувам жителите од кои се бара да се евакуираат да ги следат нашите предупредувања, рече Луна.