Skip to main content

Трагедија ја потресе Битола – 19-годишно момче пронајдено мртво во стан

Голема трагедија ја потресе Битола откако 19-годишно момче завчера било пронајдено починато во стан во градот. Локалната јавност и колегите се во шок од прераното заминување на младиот битолчанец.

Според официјалните информации од СВР Битола, телото на младото момче со иницијали А.Д. (19) било пронајдено без никакви видливи траги на насилство.

Смртта на самото место ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршила специјализирана екипа на СВР Битола, која ги прибрала сите потребни докази и изготвила записник за настанот. Во текот на истражните дејствија биле присутни и претставници на Јавното обвинителство.

По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта.

Младиот А.Д. бил вработен во познатата компанија „Кромберг и Шуберт Македонија“, од каде попладнево преку јавно соопштение изразија длабоко жалење за загубата на нивниот млад колега.

„Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на нашиот колега А.Д. (19). Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и најблиските. Ќе го паметиме како добар човек и ценет колега. Нека почива во мир“, стои во соопштението на компанијата.

Поврзани вести