Skip to main content

Во пожарите во Лос Анџелес изгорела и куќата на синот на претседателот Џо Бајден

Домот на Хантер Бајден, синот на претседателот на САД, Џо Бајден, бил уништен во катастрофалните пожари во Лос Анџелес, соопшти синоќа „Дејли мејл“.

Куќата се наоѓала во Пацифик Палисајдс, богата населба која најмногу настрада за време на катастрофалните пожари што со денови го пустошат овој дел од градот.

Според „Дејли мејл“ станува збор за куќа што вреди четири милони долари, со три спални соби, три бањи и панорамски поглед на океанот што Хантер Бајден ја изнајмувал за 15.800 долари месечно.

Претходно, по неговото пристигнување во Санта Моника, Калифорнија, каде денеска треба да биде информиран за последиците од пожарите, американскиот претседател Џо Бајден изјави, дека „не е сигурен за судбината на куќата на неговиот син“, но дека Хантер бил информиран дека е можно куќата да изгорела.

Поврзани вести