Skip to main content

Вардар до победа во 94 минута

– Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, Вардар попладнево ја победи Брера со 1:0.

Единствениот погодок го постигна Закариќ од пенал во 90+4. минута. Вардар доби удар од 11 метри по интервенција на ВАР судиите, откако Спахиу упати удар кон голот на струмичани, по што топката погоди во рака еден од одбранбените фудбалери.

На првиот денешен натпревар од 23. коло, Струга ја совлада Македонија ЃП со 3:0.

Другите двојки се:

Тиквеш – Шкупи (15 март)

Шкендија – Аресими (15 март)

Силекс – Пелистер (16 март)

Башкими – Работнички (16 март).

Табела: Вардар 58 бодови, Шкендија 52, Струга 50, Силекс 39 

Поврзани вести