Skip to main content

Пленковиќ за новите српски ракети: Ќе ги предупредиме партнерите од НАТО

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, во коментар за тоа што Србија набави авионски ракети ЦМ-400, најави дека ќе испрати предупредување до партнерите од НАТО.

Ќе разговараме со нашите партнери во Алијансата и ќе ги предупредиме дека Србија поседува ракета ЦM-400 произведена во Кина“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Ваквата реакција на Пленковиќ доаѓа откако, во медиумите се појави информација дека српската армија набавила суперсонични ракети ЦM-400 со дострел од 250 километри, што ја прави само трета армија во светот што поседува вакво оружје, по Кина и Пакистан.

Истовремено, на социјалните мрежи се појави фотографија од ловец МиГ-29 на српските воздухопловни сили опремен со две кинески аеробалистички ракети ЦM-400AKГ. Ракетата, произведена од кинеската корпорација Кинеска аерокосмичка наука и индустрија (CASIC), има лансирна тежина од 910 кг, тежина на боева глава од 150-200 кг и дострел до 250 км кога е лансирана од голема надморска височина.

Поврзани вести