Skip to main content

Мал, а голем шампион: 9 годишниот Михаил Бошковски е првак во Кик бокс

🥊 МАЛ ШАМПИОН СО ГОЛЕМО СРЦЕ! 👏✨
Градоначалникот Д-р Александар Јовановски денес оствари средба со младиот и талентиран кикбоксер Михаил Бошковски, на која му додели и плакета како признание за неговиот извонреден спортски успех.
Михаил, иако има само 9 години, веќе гордо го носи епитетот првак во Кик Бокс. Тој потекнува од Кичево и е член на Кик Бокс клубот Kickboxing – Muay Thai Club ,,TITAN PRO” Skopje.
На националното Кик Бокс првенство, одржано на 01.03.2026 година во СРЦ „Јане Сандански“ – Скопје, Михаил освои златен медал и покажа извонредна борбеност, дисциплина и талент. 🥇
Со апсолутно водство ја заврши борбата во категоријата до 33 кг (деца), во дисциплината Кик Лајт, потврдувајќи дека пред него стои светла спортска иднина.
👏 Општина Кичево е горда на своите млади шампиони, кои со труд, посветеност и љубов кон спортот се вистински пример за сите генерации.
Му посакуваме на Михаил уште многу победи, медали и успеси во иднина!
Кичево има со што да се гордее! ❤️

Поврзани вести